Скупи

Nga Enciklopedi Puro Shqiptare
Jump to navigation Jump to search

Stampa:Инфокутија Археолошко наоѓалиште во Македонија мини|десно|250п|Поглед на Скупи и Скопје во позадината мини|десно|Ѕид во Скупи Скупи (лат. Scupi; Colonia Flavia Scupinorum) — древен град и археолошко наоѓалиште од римско и доцноантичкото време 5 км северозападно од Скопје, во непосредна близина на с. Злокуќани, лево од утоката на реката Лепенец во реката Вардар во подножјето на Зајчев Рид.[1] Приградските објекти и некрополите се простираат на поширок простор.

Досегашни истражувања[redakto | përpunoni burim]

Наоѓалиштето е познато уште од крајот на XIX век. Во 1883 год. англискиот истражувач Артур Еванс престојувал во Скопје и ги регистрирал римските бедеми на Зајчев Рид, кој ги објаснил како остатоци од акрополата на Скупи. Со археолошки ископувања на наоѓалиштето Скупи отпочнато е инцидентно пред Втората светска војна. Музејот на Град Скопје, како имател на наоѓалиштето, со систематските археолошки истражувања отпочнал во 1966 год. кои со помали прекини, континуирано се извршуваат до денес. Досега се целосно или делумно истражувани: бедемите, театарот, цивилната базилика, градската вила, градската бања, улицата - кардо, христијанската базилика, делови од источната и западната некропола.

Историја[redakto | përpunoni burim]

Почетоците на римскиот град Скупи се поврзани со римската војска, односно стационирањето на 5-тата Македонска и 4-тата Скитска легија на теренот на новоосвоената Дарданија во времето на Тибериј (14 г. п.н.е.-37 г. н.е.), веројатно во 13-11 г. пр.н.е. Поинтензивна колонизација и урбанизација на градот веројатно се случила после 15-та год. од н.е., по формирањето на провинцијата Мезија. Според положбата, големината, четвртестата основа, маркантните фортификациски елементи и др. постои голема веројатност дека градот се развил од легиски логор (каструм). Во време на царот Домицијан (84-85 г.) Скупи добил статус на колонија и неговото полно име било Colonia Flavia Scupiorum и во него биле сместени дедуцираните ветерани од 7. Клавдиева легија. Во градот имало и домашни староседелци со пајонско и дарданско потекло.

Во текот на II век, Скупи добива особено претставителен лик, при што централно место зазема монументалниот театар. Во III век искористувајќи ги битките за превласт на царскиот престол, во Македонија се пробиваат Сарматите, а потоа Готите и Херулите.

Во IV век, во градот е забележано зголемување на градежната дејност. Тогаш е изградена и најрепрезантативната градба, Базиликата 1, а кон крајот на IV или во почетокот на V век, во градот била издигната уште една ранохристијанска црква. Царот Теодосиј I при своите престојувања во Скупи во 379 и 388 г. издал два царски указа. Во IV век станал седиште на епископија, а подоцна и на архиепископија. Познати христијански свештеници на Скупи биле: епископот Дакиј (концил во Никеја, 325 г.) епископот Парегориј (собор во Сердика /Софија/, 343 година), митрополитскиот епископ Карос (во писмото на папата Леон, 458 г.) митрополитит Јован (синод во главниот град на провинцијата Дарданија — Скупи, 493 г.); архиепископот на Јустинијана Прима - Бененат (Не учествувал на 5 екуменски концил во Цариград, 553 г.).

Градот Скупи најверојатно не бил поштеден од стравотните разурнувачки напади на Хуните во 447 год., а во 518 г. Скупи настрадал во катастрофален земјотрес, забележан во Хрониката на Марцелин Комес. По 518 г. престанува урбаното живеење на римскиот град Скупи, иако постојат индиции дека животот во облик на помала словенска рурална населба продолжил сè до X- XI век од н.е.

Објекти и градби[redakto | përpunoni burim]

Бедеми[redakto | përpunoni burim]

Градската населба заштитена е со бедемски ѕидови во облик на неправилен многуаголник, градени од кршен камен со многу малтер. Утврдени се само делови од југоисточниот масивен ѕид со ширина од 3,20 м, и дел од југозападниот ѕид.

Театар[redakto | përpunoni burim]

Подигнат е во времето на Хадријан (II век од н.е.). Според димензиите најголем од четирите антички театри на територијата на Македонија. Можел да прими околу 9000 гледачи. Откриени се главните контури на објектот. Театарската зграда долга 98 м. и широка 15м., а низ неа водат три ходника до орхестрата која има полупречник од 15 м . Театарската зграда и фасадата на сцената биле богато и луксузно украсени со мермерни архитектонски елементи. Припаѓа на римскиот тип театри, а служел главно за забава. Се изведувале комедии, сатирични игри, пародии, пантомими и др.

Цивилна базилика[redakto | përpunoni burim]

Претставителен, монументален, јавен објект, со квалитетна архитектонска декокорација и мозаичен под. Откриен е само северниот дел, кој претставува импозантна сала апсидно оформена на западниот крај со должина од 28м. Тука се одвиваат сите судски процеси, договори за трговски зделки, како и други важни административни работи. Датирана е во IV век.

Христијанска базилика[redakto | përpunoni burim]

Монументален верски објект, веројатно во изградба во време на земјотресот во 518 г. Тробродна со нартекс на западната, апсида на источната и крстилница на јужната страна, со дим : 39 × 18 м. На западната страна примарно постоеле две пастофории, од кои е зачувана само северната. Бродовите се одделени со колонади. Датирана е кон крајот на V и почетокот на VI век.

Градска вила (палата)[redakto | përpunoni burim]

Делумно лежи под Ј/И дел на христијанската базилика. Приватен станбен објект, веројатно во сопственост на некој богат граѓанин. Од источниот дел на палатата истражени се две простории од кои во едната со луксузно украсени ѕидови со фреско декорација. Од термалниот дел се откриени три простории, две со хипокаустен систем за загревање. Датирана е во раниот IV век.

Градска бања[redakto | përpunoni burim]

Се наоѓаат во централната зона на градот, источно од улицата - кардо. Имаат едноставен план кој располага со огниште, простории за капење со топла и млака вода, дел за прилагодување, соблекувална, базен за ладна вода и др. Јавен објект, кој освен за одржување на хигиената е средиште на јавниот, културниот и општествениот живот во градот. Просториите за капење со топла вода имаат систем на подно загревање. Пронајдени се повеќе градежни фази со пренамена на функцијата на одделни простории. Објектот е датиран во IV - V век.

Улица (Кардо)[redakto | përpunoni burim]

Една од главните градски комуникации со насоченост С/И - Ј/З, карактеристична за сите градежни комплекси во градот. Коловозот е широк 8.50м. поплочен со со големи камени плочи и одделен од тротоарите со колонада. Од двете страни на коловозот се наоѓаат тротоари, широки од 2.6о до 3 м. поплочени со тули. Датирана е по 268 г. односно се поврзува со обновата на градот по продорот на Готите.

Источна некропола[redakto | përpunoni burim]

мини|десно|Надгробна плоча од Скупи Источната некропола зафаќа површина од околу З0 ха, почнувајќи од источниот бедем на градот Скупи се протега во должина од околу 1 км кон исток. Истражени се околу 650 гробови и тоа со континуитет на погребување од предримскиот (железно време), преку раноримскиот до доцноантичкиот период. Застапено e биритуално погребување со кремација и инхумација со голема разновидност на типовите и варијанти, со различни елементи на гробна архитектура, разнолокост на погребни обичаи, како и бројни гробни наоди.

Западна Некропола[redakto | përpunoni burim]

Истражен e само мал дел од рано римска некрополата со интактно зачувани надгробни споменици и биритуално погребување со инхумација и кремација - датирани од крајот на I до почетокот на III век од н.е. Во вториот културен хоризинт (отпадна депонија од занаетчиските работилници на градот Скупи), вкопани се гробови од доцноантичка некропола со скелетно погребување, датирани во IV век. Истражени се вкупно околу 160 гробови. Точните граници на некрополата не се утврдени, но веројатно почнува од западниот бедем на Скупи.

Литература[redakto | përpunoni burim]

  • Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание на МАНУ, Скопје.
  • Скупи сектор југоисточен бедем и комплекс Терма — базилика со атриум. Ленче Јованова. Скопје 2018
  • Римски театар Скупи. Антонио Јакимовски. Скопје 2017

Наводи[redakto | përpunoni burim]

Stampa:Наводи

Надворешни врски[redakto | përpunoni burim]

Stampa:Рв

Stampa:Антички градови во Македонија Stampa:Архео-Карпош Stampa:КНМ-Карпош

Stampa:Нормативна контрола

Категорија:Значајни археолошки наоѓалишта во Македонија Категорија:Древни градови во Македонија

  1. Dragojević Josifovska, Inscriptions de la Mésie Supérieure (IMS), vol. VI, Scupi et la région de Kumanovo, Beograd, 1982